ВРЕМЕ: Подгответе за се најстуденото утро оваа година

Четврток ќе биде сончев ден кој ќе започне со едно од постудените утра досега годинава. Сосема слаб ветер се очекува во текот на денот, претежно од северозападен правец.

 

Минималната температура ќе има вредност околу -9°С низ поголем дел од населените места, a минимална до -5°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај. На повисоките места минималната ќе се „спушти“ до околу -15°С.

 

 

 

 

 

Максималната температура ќе има вредност околу 4°С низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност околу 7°С. Денот ќе помине со негативна температура на повисоките места, каде максималната нема да надмине -1°С. 

 

Во скопската котлина  се очекува умерена облачност со сончеви периоди. Минималната температура ќе има вредност околу -6°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 3°С.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега