БиХ е извор на странски борци за ИД, според американската амбасадорка

Американската амбасадорка во Сараево Норин Кормак предупреди вчера дека Босна и Херцеговина е извор за странски борци, кои ја поддржуваат групацијата Исламска држава. 

Таа исто така ги повика властите на БиХ да спроведуваат реформи, со кои би се намалил бројот на невработените, кои се подложни на манипулација.

- Во оваа земја е изворот на странските борци, кои ја поддржуваат ИД и тоа е проблем, кој влијае врз животите на сите нејзини граѓани, нагласи Кормак на стручниот собор за борбата против тероризмот, кој го организира американското Министерство за правда.

Таа ги повика властите во Сараево да се обврзат на борба против екстремизмот и на процесурирање на слуачите на тероризам, изразувајќи очекување дека политичките лидери, институциите и цивилното општество поинтензивно ќе се ангажираат во борбата против ектремизмот во БиХ.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега