Хорор: Пајак му го собрал автомобилот - ги полил полицајците со бензин и ги запалил

Вистински хорор се одвивал синоќа на паркинг во Србија. Како што дознава српскиот Курир, Предраг Л. околу 19 часот и 30 минути се разбеснил бидејќи пајак му го собрал непрописно паркираниот автомобил, па приредил драма. Тој толку се разбеснил додека се расправал со двајца полициски службеници зошто му го однеле возилото, па земал бензин ги полил и ги запалил, а потоа и самиот се запалил. 

- Полицајците добиле изгореници од послаб степен и се во болница, вели извор.

Целата драма настанала бидејќи пајакот два пати во ист ден му го кренал возилото. Тој почнал жестока расправија со полицајците, по што земал две шишиња бензин и се полил, а полицајците во обид да го спречат, настрадале. 

Предраг има тешки изгореници по целото тело.

Полицијата го истражува случајот.

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега