Заев им ја зема слободата на сите граѓани

Скандалозно, со невидена лефтерност опозицискиот лидер Зоран Заев во вечерашното интервју на 24 вести изјави дека на некои луѓе ке им подели папки со неовластено снимените материјали, а наводно потоа ќе го уништел материјалот.

- Некои луѓе за себе ќе ги добијат папките, кои нема да бидат објавени, а потоа, на крајот јавно ќе го уништиме целиот материјал, рече Заев при гостувањето во 24 Анализа.  

Ова не е ништо друго освен уцена, коментираат експертите. Според нив, на овој начин Заев сака со поделување на материјалите да ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали, кои би требало да бидат под постојана закана дека тие материјали би биле објавени доколку тие не се покоруваат и не ги следат слепо желбите на Заев.

Експертите коментираат дека оваа порака пред се’  е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери на Заев, кои на тој начин би станале обични марионети во рацете на струмичкиот градоначалник.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега