Државна службеничка која никој не може да ја отпушти

Повеќе од десет години не работи ништо, но никој не може да ја избрка од работа. Неверојатна приказна од Сплит носат хрватските медиуми. Жена вработена како судски записничар во Сплит повеќе од десет години не работи буквално ништо, но Судот нема начин да ја избрка од работа. Таа мисли дека треба да добие унапредување и повисока плата. Кога судот, каде што е вработена, ја одбил, таа почнала да поднесува жалби. Во меѓувреме, која задача и да ја добие од своите шефови, глатко ја одбива. За ситуацијата да биде појасна, таа при секое одбивање, на шефот му испраќа и писмено образложение дека ја одбива работата бидејќи не е доволно платена.
Работодавецот во повеќе наврати се обидел да покрене постапка против неа, но наидува на ѕид.
Жената е еден од лидерите на синдикалното движење, па согласно законите, без согласност на синдикатот, против неа, не може да се поведе никаква дисциплинска постапка.
Покрај ова, записничарката е ноќна мора за сите колеги. Бидејќи ништо не работи, нјзината работа ја работат други, поради што, често и замеруваат, а таа редовно за тоа им поднесува пријави.
До сега, како што пишува Јутарњи лист, жената 5 пати поднесувала иницијативи за оценување на уставноста на одредени закони од делот што ги регулира работните односи. Уставниот суд, 4 пати ги одбивал нејзините претставки, а по една се уште се нема произнесено.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 10:49
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега