Заев призна дека до вчeра лажеше за Верушевски

Опозицискиот лидер Зоран Заев тоне се подлабоко во лагите кои секојдневно ги плaсира. Претседателот на СДСМ вчера се чини дека се надмина себеси при гостувањето во емисијата 24 Анализа, која се емитуваше на 24 Вести, пишува Курир

zaev-laze-nova

Заев  го допре дното со манипулативните и лажни изјави и конечно призна дека соработувал со поранешниот  директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски.

Истиот оној Заев кој неколку пати во изминатиов период ја убедуваше јавноста дека не се познава со Верушевски и негираше било каков контакт со него, вечерва призна дека не само што се знаеле, туку и дека соработувале со Верушевски.

Заев вечерва изјави дека премиер на странска земја, кој истовремено е и претседател на политичка партија и амбасадор од таа земја му помогнале да се обезбеди работна виза за поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, обвинет во аферата Пуч, и за неговото семејство. 

- Тоа е за работна виза, за да замине во странство, за да може да оди повеќе од три месеци, оти нема примено плата со месеци. Жално е, вината му е што ја сакал својата земја како за четвртина Македонија заедно. Значи, станува збор за луѓе кои сакаат да помогнат да замине во странство и да работи. Целта содржина на писмото е таа. Да издадат работна виза за Верушевски со семејството да замине за да ја зачува слободата - рече Заев.

По повеќе негирања и замајување на јавноста, Заев конечно призна дека соработувал со Верушевски. Првиот човек на опозицијата се’ повеќе се заплеткува во сопствените лаги, причина поради која го изгуби кредибилитетот кај целокупната јавност.

Откако прво лажеше дека не го познава Верушевски, сега се поставува прашањето кого Заев лаже дека станувало збор за работни визи и кој навистина очекува дека ќе поверува во ова?   

Заев не даде објаснување за делот од писмото каде е наведено “вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на премиерот (на странската држава) кои се токму на општествени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие“. Зарем Заев и Верушевски разработуваат работни визи и треба да се вклучат десетина лица за поранешниот разузнавач да добие рабоптна виза и тоа особено кога премиерот на таа странска држава се заложил?

Заев со лагите очигледно го допира дното, по повеќе негирања и убедувања на јавноста дека не го познава Верушевски, вечерва самиот по којзнае кој пат се фати во лага и самиот се демантира со признанието дека не само што се познавале, туку и соработувале со Верушевски. Без око да му трепне, Заев продолжува со лаги, во кои не веруваат ниту неговите најголеми поддржувачи. 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега