Кадаре: Масовното мигрирање на еден вид уништена нација

Албанскиот писател Исмаил Кадаре, кој живее во Франција, смета дека масовното заминување на Албанците од Косово претставува некој вид раселување, односно геноцид и уништување на една нација. 

- Ова што се случува не е бегство, туку е еден вид раселување. Раселувањето е една од најтешките форми на геноцид, тоа е метод за уништување на една нација. Дознав и сум вџашен дека меѓу оние кои бегаат има и шест илјади албански деца од основните училишта, изјави Кадаре во интервју за „Гласот на Америка“. 

Тој наведе дека масовното иселување не може да се образложи само со лошата економска ситуација.

- Ова е некој вид на психоза, едно морално попуштање, кое е мошне тажно, изјави Кадаре.

Тој остро ги критикуваше властите на Косово, додавајќи дека не можат да кренат раце и во ваква ситуација „никој од нив да не преземе ништо“. 

Кадаре е најпознат албански писател и најголем критичар на власта во Албанија, кој живее во Франција.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега