Вчера ја закопаа, денеска нашле хаос на гробот - шок за семејството на покојната Стојанка

Само што ја закопале, наредното утро гробот бил осквернавен. Ваков шок доживеало семејството на 90-годишната Стојанка Величковиќ од Лесковац, Србија утрово кога отишле на гробот на покојната.

- Гробот беше раскопан, ковчегот отворен, недостасуваа и 800 динари кои ги ставивме внатре, вели синот на Стојанка за српскиот Курир.

Од семејството велат дека луѓето често мислеле дека прави магии, па затоа го направиле ова, иако старицата, според нивните зборови им помагала на сите. 

- Телото не се ни олади, не ја оставија ни еден ден да почива во мир, вели синот.

Инаку, старицата се бавела со бела магија и им баела на дечиња од уроци.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 15:43
Фото: 
дневник.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега