ФОТО: Жените „збудалеа“ по овој грчки министер

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис им го „сврте умот“ на Германките, пишуваат германските медиуми.

Ваквиот занес не ги одмина ни познатите новинарски имиња.

 

Водителката на ЗДФ Мариета Сломка, изјави дека 53-годишниот Варуфакис има „шарм на холивудски мачо маж“. 

Опседнатоста во Германија со изгледот на Варуфакис отиде до таму што новинарки на магазинот „Штерн“ дури направија и осврт на неговиот „класичен мускулест“ изглед и сексипил.

 

Во „Велт“ Варуфакис е наречен „секс-икона“, а целиот текст е посветен на неговиот изглед, „лежерен стил на облекување“ и љубовта кон брзите мотори.

- Ѕвездата е родена, заклучува авторката на текстот во „Велт“, констатирајќи дека Варуфакис „ги привлекува погледите на жените ширум Европа“.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега