Лагите станаа систем на однесување за Зоран Заев

Зоран Заев неколкупати досега си ги погазува сопствените изјави и самиот тоне во сопствените лаги.

laga-zoran-zaev

По долги негирања дека се познава со Зоран Верушевски, лидерот на СДСМ конечно призна дека не само што се познаници, туку дека имале меѓусебна соработка, па и неколку средби.

Не ја избегнуваше вистината само Зоран Заев. И неговиот партиски портпарол Шилегов, па и медиумите под нивна контрола, постојано негираа дека има тесни односи меѓу разузнавачот и струмичкиот градоначалник. Шилегов истакна дека „Раководството на СДСМ нема блиски контакти со Верушевски“!

Неделникот Фокус неодамна објави дека екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски имал соработка со Верушевски, а актуелниот претседател Заев, не го ни познавал тој човек. Зоран Заев во вчерашното гостување во 24 Анализа, дури и ја потврди автентичноста на писмото кое лично му го напишал и испратил на Верушевски.

Лагата стана систем на неговото однесување, па Заев во моментов е соочен со својата контрадикторност која треба да им ја оправда барем на сопствените гласачи.

ffokusssssssssssss

Заев потона во сопствените изјави

Речиси да не можат да се добројат сите изјави на Заев со кои тој се демантира себеси. Дали станува збор за невешто избегнување на вистината, убедливо најлош пи-ар, свесни лаги или замајување на јавноста, треба да си одговорат меѓу себе на Бихаќка.

„Не знам што работи, ама знам дека не зема плата“

Зоран Заев прво посочи дека не знае точно што работи Верушевски, само мисли дека е професор. Но кусо време потоа, Заев јасно кажува дека бил информиран дека Верушевски неколку месеци нема земено плата. Интервјуто полно со лаги, го “дозакопа“ Заев.

-Работна виза да замине, од ФОН нема земено плата незнам колку месеци, незнаејќи што ќе му се случи нему и неговото семејство, работна виза да му дадат, да може да оди повеќе од три месеци. Верушевски единствено е виновен што ја сакал Македонија. Конечно обезбедив луѓе кои што ќе помогнат благодарение на сестрински партии да дадат работна виза за човек кој што сака да продолжи и да работи, а притоа во вака поклопено општество со целосна спрега меѓу МВР, обвинителство и судство да не ја изгуби слободата, рече Заев. “

„Луѓе од странство на високи позиции обезбедуваа виза за Верушевски“

Откако излажа дека не се познава со Верушевски, па призна дека соработувале, откако ја потврди автентичноста на писмото за кое молчеше дека  воопшто постои, продолжи да споделува нелогични невистини со македонската јавност.

Образложувајќи го тоа писмо, Заев рече дека на тој начин договарале работна виза за Зоран Верушевски и семејството. Тоа беше невешто создавање на алиби. Во тоа алиби никој не поверува.

За потсетување, еве што пишуваше во писмото:

-Работата која ја чекаме од пријателите од надвор ... е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот ... (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие. Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата. Јас можам утре, во четврток, во петок и дури и вечерва иако е Св.Јован... ова е најважно од се друг. Можам кај Вас, вие кај мене во СР или на некое друго место, пишува во писмото.

Заев пред да ја даде изјавата требаше да смисли и која е логиката да бидат ангажирани премиер на друга држава и луѓе на многу високи позиции само за да се  обезбеди работна виза за разузнавачот и неговото семејство?!

Тој потенцира дека “пријателите од надвор ги спремаат документите“ со кои, како што образложи, семејството на разузнавачот треба да избега од Македонија.

Од што сакале да избегаат Верушевски?

Лидерот на СДСМ самиот „го закопа“ својот соработник Верушевски. Зошто пред цела Македонија истакна дека Верушевски сакал да избега од земјава поради спрега меѓу институциите? Со тоа Заев фрли дамка на делувањата на овој човек. Ако Верушевски е невин за тоа за што се терети, зошто би сакал да избега од државата?

Со криминални дејствија се поврзува целото негово семејство, па од што точно сакале да избегаат ако се сметаат за невини, треба да се докажува.

Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“. Поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање се товари за две кривични дела и тоа „Шпионажа“ од чл.316 ст.4 од КЗ на РМ и помагање при „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.24 од КЗ на РМ.

Второосомничена е неговата сопруга која му помагала при извршувањето на делата.

Помалиот син на Верушевски, 19-годишниот Горан Верушевски се терети за „производство и дистрибуција на детска порнографија.“

Постариот син, Александар, одговараше за повеќе тешки кривични дела од насилниот криминал меѓу кои „обид за убиство“ „насилство“, „изнуди“, „предизвикување на општа опасност“ и „поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали“.

Изјавите на Зоран Заев се контрадикторни за јавноста, но и опасни за луѓето блиски до СДСМ. Колку и да сака да остане доследен на своите изјави, човекот кој претендира да ја води државата, секојдневно се фаќа во сопствената мрежа на лаги.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа