ЕУ тајно дозволи миграција на 100.000 Албанци од Косово преку Србија?

Институтот за квалитетно истражување на анализи и оспособувања „iChat“, во својот извештај наведува дека изненадувачката миграција на жителите (Албанци) од Косово, претставува повеќеструктурен проблем на овие простори,  од типот на демографска, економска, социјална и политичка природа.  Според некои податоци од Косово побегнале повеќе од 100.000 луѓе!

Како што пишува во извештајот кој го пренесува весникот „Зери“, ова не се спонтани и автономни процеси, туку се водени од сложени и низа на поврзани фактори, а често меѓусебно условени на одредено време и простор.

Според овие тврдења ЕУ го отвори патот или каналот меѓу Косово и Централна Србија преку Унгарија, каде, по некои од евидентираните мигранти, истите се вратени во Косово и Метохија и им е изречена забрана на пет или десет години и покрај либерализацијата на визите и можноста да одат во земјите во ЕУ. Сега тоа ќе им биде оневозможено поради забраната за илегално минување на границите во земјите од ЕУ.

Приштинските медиуми пишуваат дека од август минатата година, до денеска, во Косово побегнале повеќе од 100.000 луѓе, но официјалните бројки се кријат, додека други тврдат дека овој број е значително поголем, односно дека веќе минале повеќе од 6% од бројот на жителите на покраината.

Илјир Деда од движењето на Самоопределени наведува дека избегале околу 230.000 луѓе. Албанските експерти предупредуваат дека Косово „немилосрдно се празни“, а целосната слика предизвикува алармантна состојба која може да допринесе до несогледливи последици.

„Сметаме дека има уште една причина зошто овој канал е отворен за заминување на Албанците во ЕУ. Членките од ЕУ во последно време се соочуваат со терористички акти и ние знаеме дека една од причините за овие терористички акти е сиромаштијата, која се смета како една од главните причини кои ги потикнуваат одредени различни групи на терористички акти, затоа што луѓето кои патат од глад се во можност да направат било што, па дури да се навлечат и на тероризам, а знаеме дека голем процент на жителите на Косово живеат во екстремна сиромаштија. Забраната за придружување на голем број на Албанци во редовите на ИДИЛ, е еден вид на превенција на тероризмот и намалување на сиромаштијата.

Со заминувањето на овој слој од Космета, ќе дојде до рамнотежа на Косово и Метохија. Евакуацијата на луѓето ќе допринесе до намалување на големата бројка на невработеност, ќе се зголеми бруто националниот доход БДП, и др“, вели директорот на Институтот Бесмир Коколари.

Според неговите зборови, сега економската ситуација го загрозува населението, кое живее во екстремна сиромаштија и сосема огорчени ги напуштаат своите огништа од Косово.

 

„Нивната единствена инспирација да кога ќе дознаат дека на Косово и Метохија, дипломирани луѓе, па дури и од трет степен на постипломски студии, не можат да пронајдат работа, не можат да се пронајдат себе си и дека работат како конобари или пак дури и физичка работа, а да не збориме за оние без образование,  а такви ги има во голем број на Космета, единствениот спас го гледаат во миграцијата. Од ваква создадена ситуација доаѓа до миграција, поради изгубената надеж и трпение и минување на потешкиот пат во потрага по подобар живот“, вели тој.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега