Инвеститорите од Татарстан се запознаа со бизнис капацитетите на Македонија

Економска владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а во која се и министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони Виктор Мизо, денеска во рамки на посетата за презентирање на инвестициските можности на Македонија во Руската Федерација, одржаа бизнис форум во Република Тартастан.

Тартастан е една од економски најсилните и индустриски најразвиени републики во Руската Федерација. Делегацијата денеска ја посети технолошко-развојната зона во Казан, Тартастан, каде на бизнис форум ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија.

Беше истакнато дека Македонија има одлични услови кои може да им ги понуди на потенцијалните инвеститори како најниски даночни стапки во Европа и поволности кои ги нудат нашите технолошко-индустриски зони. Како сектори во кои може да се оствари соработка беа истакнати земјоделието, информатичката технологија, автомобилската индустрија, земјоделието и туризмот.

- Тартастан има една од најдинамичните и воедно најмодерните економии во Руската Федерација. Нивната економија како брзо растечка е доста слична на македонската, затоа очекувам понатамошен развој на соработката, како во делот на трговијата, така и во инвестициите – изјави Ставрески.

Ставрески имаше средба и со претседателот на Тартастан, Рустем Миниканов. На средбата беше дискутирано за економската соработка меѓу Македонија и оваа руска република, како и продлабочување на трговската соработка.

Делегацијата во рамки на роуд-шоуто ќе ги презентира инвестициските можности во Македонија и во Екатеринбург, Новосибирск, а посетата ќе заврши во Меѓународниот економски форум кој се одржува во Санкт Петербург.

 

 

 

најчитано сега