Рикер: Македонија и Грција да го искористат моментумот и да најдат решение за името

 Македонија и Грција да го искористат моментумот и да најдат заедничко решение за спорот со името. За последниот предлог на посредникот во преговорите Метју Нимиц да се отвори поширока дебата и меѓу партиите и во јавноста, порача заменик-помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер во изјавата за медиумите по средбата со премиерот Никола Груевски.

Според Рикер, САД ги охрабрува и двете земји да го искористат моментумот и да продолжат со работа и се надева дека последниот предлог на Нимиц може да ги приближи двете страни.

- Задоволни сме што медијаторот Нимиц даде нов предлог и се надеваме дека ќе се искористи моментумот да се работи на него. Очигледно, процесот кој ние го поддржуваме, продолжува. Потребна е волја и желба за напредок и да се има дијалог, не само меѓу лидерите туку и во јавноста, рече Рикер.

Рикер денеска се сретна и со претседателот на држвата Ѓорге Иванов и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев.

ФОТО: МИА

најчитано сега