Горештините го зголемија бројот на мозочни удари

Екипите на Брзата Помош се почесто интервенираат кај мозочни удари поради горештините кои ја зафатија земјава, пренесе Здравство24.

Деновиве има благ пораст на мозочните удари за разлика од претходно. И повиците до 194 се зголемени, но според лекарите состојбата се уште не е алармантна, јавуваат од службата за Здравство24.

Повеќе работа бележат и матичните лекари кои најчесто примаат пациенти кои се жалат на главоболки и висок крвен притисок.

Извор: Здравство24

ФОТО: Кајгана 

најчитано сега