Статистика: Стапката на невработеност во Македонија изнесува 29,9 %

Стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на невработени лица во земјава во овој квартал изнесува 284.823, од кои 61,4 отсто се мажи, а 38,6 отсто се жени, а најголем дел од невработените се на возраст од 15 до 24 години - 53,5 отсто, од 25 до 49 години се 28,3 отсто и од 50 до 64 години се 24,8 проценти.

Од невработените, 159.171 се со средно образование, 68.534 со основно, 40.183 со високо образование. Со незавршено основно образование се 10.566 лица, со вишо образование 3.936 и без образование се 2.433 лица.

ФОТО: Економски.мк 

 

најчитано сега