Го прегрнал, му рекол дека се роднини и му украл пари - старец од Тетово остана без 300 евра

80-годишниот Х.Х. од Тетово попладнево околу 14 часот и 30 минути бил измамен и ограбен од непознато лице. 

Грабежот се случил околу 14 часот и 30 минути додека старецот се движел по булеварот „Маршал Тито“ во близина на „Алфа банка“ каде му пришло за него непознато лице кое веднаш му се фрлило во прегратка и му рекло дека е побратим со неговиот син по што му побарал да му даде малку пари. Старецот сакајќи да види колку пари има извадил од џебот 5.000 денари и 200 евра кои непознатиот веднаш му ги зел од рацете и му рекол откако ќе ги размени ќе му ги врати по што заминал и не се вратил. Откако измамникот по подолго време не се вратил Х.Х. го пријавил случајот во Тетовската полиција.

 

најчитано сега