Јаневски за РСМ: Обвинителството го привилегира Заев

Со објавувањето на приватни снимки на граѓани Заев го сврте гневот на поголем дел од јавноста кон себе. Пораката на лидерот на опозицијата е „сите ве имам, молчете“, велиз а Пулт на Радио Слободна макеоднија главниот и одговорен уредник ан Дневник Дарко Јаневски. Смета дека јавното обвинителство го привилегирало лидерот на СДСМ со тоа што му дозволило да поседува материјали коис е предмет на кривична истрага.

„Ние неслучајно го потсетивме обвинителството дека ја привилегира таа партија која ги поседува материјалите, бидејќи по прес-конференцијата на премиерот Груевски сите тие материјали станаа предмет на кривична истрага. Не можете доказен материјал, нешто што е предмет на истрага да го оставите во приватни раце. Тоа ниту се случило ниту ќе се случува за било кој предмет освен за овој случај. Можете лид а замислите да имате случај на убиство и оружјето да остане кај оној кој е осомничен? Таквиот обвинител веднаш би заминал“, вели Јаневски за Пулт.

Невозможно е и нелогично, во 26.000 следени лица да нема ниту еден меѓународен претставник во земјава. Тоа отвора сомнеж дека оној кој ги дал материјалите свесно ги изоставил странските амбасадори.

„Таа служба која му ги дала разговорите не би му ги дала разговорите на странсците. Не би било логично Груевски и Заев да го организираат тојк систем а да не го слушаат американскиот амбасадор., во денешно време не постои сериозна заштита од прислушувањето. Би било нездраворазумскли да ги немаат амбасадорите во Р.М. Ако енкој сака да ја урне цената на оваа влада ќе го објуави прво разговорот на Пол Волерс. И тука завршува во однос на западниот свет приказната на оваа власт.“, вели Јаневски.

Тој велид ека странсците немаат илузии дека Заев и СДСМ ќе ја преземат власта по оваа афера. Целта е да се намали рејтнгот на владата и ВМРО-ДПМНЕ а со тоа да се намали имунитетот и рејтингот на државата.

 

„Тој што му ги дал материјалите на Заев  или што му ги дава на лажиче сеедно, една поентите му била и таа- да се предизвика штета да се намали имунитетотна државата и политичката цена на владата без илузии дека ќе произлезе смена на власта“, вели Јаневски во гостувањето на Радио Слободна Македонија.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега