ВИДЕО: „Ми се исполни сонот да се омажам во Македонија“ - стотици невести од Албанија во источна Македонија

Додека трагале по животен сопатник, Гоце Антов и Боре Петров од Злетово пред 5 години дознале дека има луѓе кои посредуваат за брак со девојки од соседна Албанија. На Гоце му нашле невеста од село Мало Острени, додека Боре ја нашол својата љубов во Тирана, објавува Сител.

Телевизијата Сител ја објави сторијата која зборува за среќните семејства.

-Дојде еден човек, не запозна. Започна со свадба, а сега имам фамилија, рекол за Сител, Боре Петров.

- Татко и и рече, момчето те бендисало, а ти? Таа рече татко дај му рака и штом се даде рака знали дека ме сака, изјавил Гоце Антов.

28 годишната сопруга на Гоце, Фатмира живеела во село во Албаниј каде се зборува македонски јазик, па тоа ја олеснило комуникацијата со нејзиниот сопруг. Таа вели дека кога пристигнала во Злетово, веднаш се чувствувала како дома.

- Јас уште на 13 години имав желба да се омажам во Македонија. Тука ми е многу убаво, во Албанија сме многу сиромашни. Се чувствувам, како да сум родена во Злетово, вели Фатмира Антова за Сител.

Гоце и неговата сопруга имаат две дечиња, а очекуваат и принова. Злетовчанецот останал технолошки вишок, но, сега се надева дека ќе се вработи преку владиниот проект за згрижување на најранливите категории на граѓани.

- Аплицирав и сега за сега надежта ми е таму, истакнал Гоце Антов.

Боре и неговата сопруга Алтана Петрова се во брак веќе 4 години и имаат две дечиња, објавува Сител.

-Јас не планирав овде да се омажам. Но судбина, дојде Боре и се вљубив на прв поглед, рекла Алтана за телевизијата.

Алтана вели дека во Македонија убаво се живее. Таа им порачува на своите сограѓанки да го следат нејзиниот пример, пренесува Сител.

ИЗВОР: Сител

ВИДЕО: Сител

најчитано сега