Милионски грабеж во филијалата на „Унион банк“ во Тирана

Две маскирани и вооружени лица, околу 13 часот извршиле грабеж во филијалата на „Унион банк“ која се наоѓа во близина на железничката станица во Тирана.

Крадците од тука заминле со голем плен, две вреќи со пари или како што пренесуваат неофицијлано албанските медиуми најмалку 100 милиони леки.

Двете вооружени и маскирани лпица го пречекале во гражата на банката блиндираното возило во кое имало повеќе вреќи со пари, со пукање во воздух и физички напад на возачот и уште едно лице успеле да ги совладаат, ги земале вреќите со пари и веднаш се оддалечиле со автомобил кој ги чекал.

Според полицијата автомобилот со кој побегнале крадците бил пронајден напуштен во близина на градот Паскуќан. Полицијата се сомнева дека крадците имале и соработници кои ги чекале со возила, а не ја отфрла можноста да имале соработници и меѓу вработените на банката.

При преглед на бебедносните камери снимките не биле јасни.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега