Братислав Димитров: Дрисла е цветна градина во споредба со јавните настапи на опозицијата

Познатиот македонски драматург, Братислав Димитров и еден од иницијаторите на граѓанското движење за Македонија, во интревју за Прес24, вели дека опозицијата буквално не бира средства само за да се врати на власт и дека тоа е единствената „идеја“ што ја поседува.

-Опозицијата има тешка  апстиненцијална криза и како секој зависник (во случајов за власт) прави очајнички потези и разни глупости. Истите луѓе, кои со децении уживале големи привилегии, жестоко бранеле еднопартиски систем, кодошеле и праќале во затвор за „вербален деликт“, сега ни се претставуваат како големи борци за демократија и човечки права!  Ситуацијата не е парадоксална. Ситуацијата  е перверзна!, вели Димитров во интервјуто за Прес24.

Главото оружје во таа битка вели им е омразата која се храни со најавите за одмазда.

-Нивното сеење на ментален отров во општеството е како хакирање на компјутер со заразен вирус. Кога ќе ги погледнете нивните јавни настапи, депонијата „Дрисла“ ви заличува на цветна градина. Омразата е одмазда на тие што се плашат. Јас уште пред неколку години, во една моја колумна ја предвидов оваа ситуација, вели Димитров.

Димтров вели дека во моменотов Македонија се соочува со лажна и наметната политичка криза која ќе заврши со избори на кои ќе се види вредноста на бомбите на опозицијата.

ПРЕС24: Граѓанското движење за Македонија добива се поширок одек во јавноста. Секојдневно се поистоветуваат и интелектуалци и јавни личности но и граѓани. Но, истовремено се погласни се критиките на опозицијата и нејзините поддржувачи дека ова движење е во функција на власта. Која е крајната цел на ова движење?

ДИМИТРОВ: Нивните критики се полни со гнев, омраза и одмазничка страст и затоа таквите луѓе (сосе нивните „критики“) никогаш не се во право. Нивното сеење на ментален отров во општеството е како хакирање на компјутер со заразен вирус. Кога ќе ги погледнете нивните јавни настапи, депонијата „Дрисла“ ви заличува на цветна градина. Таканаречената опозиција одамна го има загубено својот легитимитет затоа што сиве овие години не бендисува никого и ништо, освен себе си. Но тоа веќе не спаѓа во политичкото туку во патолошкото. Првичната но и крајната цел на ова движење е да се сочува достоинсвото, интегритетот и  суверенитетот на нашата татковина, која уште од балканските војни, па се до овој миг е изложена на постојан напад од странските служби и домашните предавници.

ПРЕС24: Господине Димитров во тие критики на опозицијата, односно незините поддржувачи има многу омраза, многу навреди, многу дискриминација кон сите оние кои се поистоветуваат со ова движење. Како допираат до Вас овие квалификации?

ДИМИТРОВ:  Една стара народна поговорка го дава најпрецизниот одговор: „Не може да си играте со лајна а после да мирисате на темјанушки“. Но кога се работи за одбрана на сопствената таковина, секоја жртва е мала.

ПРЕС24: Говорот на омраза некако станува секојдневие во Македонија. Интересно е што тој најмногу доаѓа од оние кои постојано зборуваат за некакво враќање на слободата, демократијата. Тоа во најмала рака е парадоксално. Но, според Вас, зошто и како дојде до таквата состојба?

ДИМИТРОВ: Тој што мрази, се спушта далеку под нивото на објектот што го мрази. Омразата е одмазда на тие што се плашат. Јас уште пред неколку години, во една моја колумна ја предвидов оваа ситуација. Опозицијата има тешка  апстиненцијална криза и како секој зависник (во случајов за власт) прави очајнички потези и разни глупости. Истите луѓе, кои со децении уживале големи привилегии, жестоко бранеле еднопартиски систем, кодошеле и праќале во затвор за „вербален деликт“, сега ни се претставуваат како големи борци за демократија и човечки права!  Ситуацијата не е парадоксална. Ситуацијата  е перверзна!  

ПРЕС24: До каде може да оди оваа состојба.

ДИМИТРОВ: Јас верувам во „вселенска равенка“ и убеден сум дека се ќе си дојде на своето место. Тие што се валкани играчи ќе завршат во калта, а чесните духовни домаќини ќе продолжат да си го бранат своето семејство кое секогаш ќе се вика Македонија!

ПРЕС24: Можеби е пресериозно, но сепак постои страв од отоврени судири?

ДИМИТРОВ:  Нема да има никакви отворени судири. Македонците се древни души и нивната вековна мудрост секогаш победувала дури и во многу подраматични случаи.

ПРЕС24: Многумина проценуваат дека денеска Македонија, македонските граѓани се во една тешка политичка поделба. Она што е проблематично е што опозицијата го етикетира секој оној кој не мисли идентично со нејзе, а истовремено за тоа ја обвинува власта. Мене оваа состојба ми личи како за сценарио на една тешка психолошка драма?

ДИМИТРОВ:  Песимизмот, создавањето на хаос и страв, се едни од многуте пропагандни оружја на странските служби и нивните соработници.  Оваа „тешка политичка поделба“ треба да се сфати како предизвик и шанса за идеолошка пресметка, после која ќе се случи катарза од која ќе излеземе многу посилни.  Убаво рекол славниот Вацлав Хавел: „Комунизмот умре, но никој не го видел трупот“. Жанровски гледано, мене оваа состојба повеќе ми личи на водвиљ,

ПРЕС24: Можеме ли да зборуваме за загрозување на слободата, на демократијата во државата. Тоа впрочем е реторика која постојано ја користи опозицијата веќе девет години назад, а истовемено на избори таквата реторика не ја преопзнаваат граѓанните?

ДИМИТРОВ:  Граѓаните многу убаво ја препознаваат таа реторика и затоа не гласаат за опозицијата. Само незрел човек смета дека за неговиот успех е заслужен само тој, а за неговиот неуспех виновни се сите освен него! Тоа е мојата дијагноза за опозицијата. Кој е иљачот? Оваа опозиција да си поднесе оставка и да се појави нова!

ПРЕС24: Во актуелната сосотојба една работа во моментов е факт. Тоа е дека прислушување имало. Непознат е изворот. За опозицијата тоа е власта, за власта тоа е пошироко сценарио на странски служби со цел рушење на легитимна власт во државата. На многумина многу пологична е втората теза, особено што во јавноста излегоа многу потадоци кои укажуваат на тоа?

ДИМИТРОВ:  Самите дадовте убав одговор на ова важно прашање. Но јас сакам да обрнам внимание на еден аспект кој заслужува исто толку внимание. Опозицијата буквално не бира средства само за да се врати на власт и тоа е единствената „идеја“ што ја имаат! Јас не се чудам што оној режисер од опозицијата што по цел ден (како шипарица) на фејсбук прави црна листа ставајќи имиња и презимиња во својот славен „тефтер“, тоа го  правеле и неговите претци со децении и векови. Но навистина се чудам, како според него  тој може да биде министер за култура во политичка влада (во која буквално ништо не направи!) а ние (од „црниот тефтер“) не смееме јавно ниту да изразиме подршка на одредена политичка опција!? Изгледа дека во тоа тажно и несреќно друштво, не е само Коља „Мраковски“.

ПРЕС24: Има уште една теза која малкумина ја разработуваат, а тоа е дека со години Македонија е заложник на одредени тајни безбедносни структури од минатото кои внатре во државата се активираат по потреба. Нинвното дејствување се повтрзуваше со многу настани измимнативе две децении и половина независност . Дали ако се каже дека сегашната нивна потреба е да се создаде слаба држава и терен за конечна промена на името и идентитетот на македонските граѓани е теза на заговор или теза најблиска до реалноста?

ДИМИТРОВ:  Заговор подразбира тајни планови, конспирација и каква-таква цивилизирана форма.  Кога се работи за Македонија, безобразлукот е срамен дури и за најпровинциски куплерај. Сите белосветски битанги и домашни измеќари, јавно и децидно ги рушат основните темели на нашата држава. 

ПРЕС24: Како според Вас би завршила оваа политичак криза?

ДИМИТРОВ:  Ова е наметната и лажна политичка криза. Коалицијата на власт има убедливо мнозинство во парламентот, кое е  добиено на демократски избори со огромна подршка на народот. На следните избори ќе се види колку вреди оваа нивна „бомба“.

ПРЕС24: Лидерот на опзоицијатра Зоран Заев во моментов е едниствената личност која располага со матерјали кои на некој начин можат да бидат предмет на уцени. Тој во јавноста деновиве се претставува како месија, во интервјуто за една телевизија дури и себеси се карактеризираше како “Јас сум избраниот кој треба да ја врати демократијата, слободата”. Притоа најавува и јавно уништување на доказите кои ги поседува со цел да демонстрира некаква моралност. Не е и тоа негово позиционирање над државата, над институциите, над системот? Дали судот на Заев и СДСМ станува правда во државата?

ДИМИТРОВ:  Има една стара изрека која ги надживува сите системи и епохи: „Ко о чему, курва о поштењу“. Студентите уште на прв семестар знаат дека: Тој што на друг му припишува негативни особини, самиот ги поседува. Тој што постојано и насекаде спомнува „моралност“, воопшто ја нема! Да им дадам уште некој пример? Нема потреба. Има опозицијата генијални умови и советници, можат да бројат до дваесет без да ги соблечат чорапите!

ПРЕС24: Кога на крај ќе се сумираат сите резултати и ако се има предвид улогата на Заев во оваа ситуација и покрај неговите најави за моралност и уништување на материјалите, сепак останува прашањето има ли морален капацитет Заев да остане како активен политичар на политичката сцена и да се бори за евентуален иден Премиер?

 

ДИМИТРОВ:  Одговорот одамна е познат. Лицето З.З. беше обвинето за тежок криминал но уште пред да почне постапката беше помилувано од својот партиски шеф. Јас не велам дека лицето З.З. е виновно, но тврдам дека тој сомнеж за криминал ќе си го носи до крајот на животот. А во таква килава морална состојба, нормален човек не се кандидира за претседател на куќен совет, а камоли за премиер

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега