До петок исплата на сите субвенции за лозарите

До петок сите субвенции за лозарите ќе бидат исплатени, изјави  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Неготино, каде што заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов на симболичен начин закроија вински лози на градскиот плоштад, пренесува МИА.

lozje.gif-500

Пред неготинските лозари Јанакиески појасни дека ветувањето за исплата на субвенциите го пренесува во име на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

На сите тиквешани Јанакиески им го честита денешниот верски празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите и винарите,  а се слави во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија. 

- Сакам на сите да ви посакам многу здравје, благосостојба во семејствата,  а на лозарите богат род годинава. Да сте живи и здрави и уште многу години да го славите празникот, порача Јанакиески.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега