Македонија и Косово ќе ја унапредуваат економската соработка

Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денеска во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.

Меморандумот ќе ја потврди заедничката желба за промовирање на соработката и унапредување на економските односи меѓу Македонија и Косово.

На средбата во Приштина ќе присуствуваат бизнисмени од Македонија, Бугарија и Косово, а интересите за инвестирање во двете економии ќе ги презентираат членки од Стопанската комора на северозападна Македонија и бугарски компании. 

најчитано сега