Нервоза во СДСМ: Бомбата пука внатре во партијата

Неизвесност,страв и нервоза во редовите на СДСМ по најаваите на лидерот Заев дека поседува снимки од телефонски разговори и од поранешни челници и актуелни партиски функционери. Дел од таканаречените бомби се однесувале и на негови блиски соработници. Извори во СДСМ велат дека Заев на овој начин се обидува и неговите политички противници да ги држи во заложништво и да ги претвори во марионети кои ќе ги следат неговите насоки. 

Заев на една од прес – конференциите веќе покажа дека поседува снимки на кои е неговата заменичка Радмила Шекеринска, а во контекст на прислушкувањата беа споменати и екс лидерот Црвенковски и претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски. Дилемата која се наметнува во јавноста е дали на опозицијата и треба лидер осомничен за велепредавство и тешка кривична пријава за шпиунажа. Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека слабиот партиски рејтинг во изминативе шест години е доказ дека во СДСМ се неопходни промени. Изјавите на Заев дека поседува папки со телефонски разговори кои ќе им ги даде на засегнатите лица според Божиновски се еден вид суптилна закана.
 
Црната кампања како што вели тој нема да и донесе политички поени на опозицијата. На СДСМ според експертите и треба нов лидер кој ќе ги привлече неопределените граѓани, а не истрошен лик без понуда и програма на кого заканата му е еден од најприменуваните методи.
 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега