Македонија ја одбележува државноста на Словенија

Вечерва во Универзалната сала, во организација на Словенечкиот центар во Скопје ќе се одржи прослава по повод Денот на државноста на Република Словенија. Прославата ќе се одбележи со богата културно-уметничка прогама.

На прославата ќе настапат и членовите на театарската група на Словенечкиот центар, Скопје, кои оваа година со претставата „Стрипот отров - пари куп“ настапија на 11. Детски фестивал на театарски соништа, во Словенечкиот младински театар во Љубљана и на 49. Драмски аматерски фестивал на Македонија  ДАФ, Кочани  2013. Автор на претставата е Милош Микелн, а режијата е на Ангела Стојановска.

најчитано сега