Добила казна од 32.000 евра, неверојатна грешка на полицијата

Една Италијанка од местото Аргиренто на Сицилија завршила во болница откако примила парична казна за паркирање од неверојатни 32.530 евра.

italija-policija

Жената навистина непрописно паркирала во 2008 година, но по грешка на полицијата испаднало дека таа погрешно паркирала во 208 година пред нашата ера.

На врата и дошле полицајците со објаснување дека казната е толкава бидејќи каматата за 2000 години е огромна.

Откако се онесвестила, итно ја однеле во болница каде што лекарите утврдиле дека на жената нагло и паднал притисокот поради шок.

По овој немил настан, полицијата ја поправила грешката и жената добила „нормална“ казна за погрешно паркирање.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега