ВИДЕО: И Србија го избра својот претставник за Евровизија

Во телевизиското шоу, во кое се натпреваруваа тројца пејачи, Србија вчера вечер ја избра песната која ќе ја претстави земјата на Евровизија во Виена.

Тоа ќе биде Бојана Стаменов која ја исполни песната „Цео свет је мој“ на композиторот Владимир Грајиќ на текст на Леонтина Вукомановиќ. Нејзини конкуренти беа Даница Крстиќ со песната „Сузама за крај“ и Алекса Јелиќ со песната „Води ме“. Сите тројца пееја песни од истиот авторски тим.

Победничката песна е избрана со гласови од публиката покрај малите екрани и стручното жири во студиото на РТС. И жирито и публиката најмногу поени и дадоа на Бојана Стаменов, која често е претставувана како српска Арета Френклин.

Бојана ќе патува во Виена каде ќе биде една од оние кои на евровизиската бина ќе ги вкрстат гласовите со нашиот Даниел Кајмакоски.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега