ФОТО: Старица прегазена на пешачки

Старица на 75-годишна возраст синоќа го загубила животот, откако на неа налетал возач со возило „БМВ“ и ја прегазил.

Инцидентот се случил на магистралниот пат Краљево-Рашка додека 75-годишната Софија П. поминувала на пешачки премин. Жената починала на лице место.

Софија, која живеела на стотина метри од местото на несреќата, тргнала во продавница, кога возачот ја удрил со огромна брзина.

- Патот е осветлен и има обележано пешачки премин, но тоа никој не го почитува, сите возат многу побрзо од дозволеното. Гледате каде се наоѓаше телото, беше отфрлено 50-тина метри од пешачкиот, а нема траги од кочење, изјавил за српски Блиц, зетот на прегазената жена, Дејан К.

Возачот на БМВ-то е приведен во полициската станица во Краљево и ќе биде задржан се до завршувањето на истрагата.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега