Металург убедливо поразен на гостувањето кај Кил

Ракометарите на Металург очекувано претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај првопласираната екипа во групата Кил со 35:16 (17:3).

Ова е вторпат во клупската историја Металург натпревар од Лигата на шампионите да го загуби со 19 голови разлика и во двата случаи поразите се од екипи од Германија (Флензбург и Кил).

Резултатот до 3:3 беше изедначен, а потоа „подновениот “ Металург до крајот на првиот дел не постигна гол и со тоа постави уште еден неславен рекорд од повеќе од 20 минути без гол.

Во вториот дел новите играчи на тренерот Лино Червар одиграа поопуштено и на крајот резултатот беше 35:16.

Филип Талески и Марко Бувиниќ кај Металург со по 4 голови беа најефикасни, додека Филип Јиха е најефикасниот на дуелот со 9 голови.

Кил е прв во групата А со 16 бодови, ПСЖ има 12, Загреб 10,  Ла Риоха 7, Мешков Брест 6, а Металург има 3.

Во последното коло Металург на домашен терен игра против Загреб.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега