Дибиров во тимот на колото во ЛШ

Вардар стигна до шестата победа во Лигата на шампионите оваа сезона откако славеше против Монпелје со 30:26.

Предводник на „црвено-црните“ беше „Летечкиот Русин“ кој одигра уште една маестрална партија постигнувајќи 12 голови.

Одличната игра на овој меч левото крило на Вардар го смести во тимот на 9-то коло од елитното натпреварување. Ова е трет пат сезонава Дибиров да биде дел од најдобрите седум.

Тим на колото:

ЛЕВО КРИЛО – ТИМУР ДИБИРОВ (ВАРДАР)

Лев бек – Сергеј Бурка (Мотор Запорожје)

Среден бек – Микел Хансен (ПСЖ)

Пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)

Десен бек – Јохан Јакобсен (Фленсбург)

Десно крило – Дмитри Ковалев (Чеховски медведи)

Голман – Родриго Коралес (Висла Плок)

 

Еден од погодоците на Дибиров, постигнат од „негова позиција” се најде  на третото место во изборот на ТОП 5 голови на колото. На првото место е победничкиот погодок на Душко Челица, со кој Загреб славеше над Ла Риоха.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега