Пораст на прометот во индустријата

Прометот во индустријата во текот на 2014 година бележи раст од 15,5 проценти во однос на 2013 година, а во декември 2014 во однос на декември 2013 раст од 20,3 проценти, објави Државниот завод за статистика. 
 
Според објавените податоци, прометот бележи намалување од 4,9 проценти во однос на ноември 2014 година. 

На домашникот пазар прометот бележи раст од 4,1 отсто, а на странските пазари пораст од 27,4 отсто. 

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 36,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 19,4 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22,6 отсто, Капитални производи за 70,6 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 41процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега