Германија не попушта пред пресудните разговори за грчкиот долг

Официјален Берлин и Грција остануваат на своите тврди ставови во пресрет на денешната важна средба на земјите-членки на еврозоната во Брисел.

И покрај повикот на Франција да се создаде атмосфера на компромис, германските и грчките претставници продолжуваат со најавите дека не се откажуваат од своите позиции.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле, кого грчките провладинни медиуми го прокажаа како нацист во карикатура, смета дека „Грците живеат подобро од можностите“, нагласувајќи дека „без гаранции за вистински реформи Европа нема да даде пари“. 

За разлика од неговиот песимизам дека денеска може да се дојде до решение, портпаролот на грчката Влада не покажува страв дека стратегијата на СИРИЗА може да биде неуспешна. - Грција е одлучна да опстои на дадените обврски кон јавноста, вели тој.

Доколку денешните разговори во седиштето на ЕУ завршат без договор, Грција би можела да влезе во нова голема криза со зголемени шанси да излезе од еврозоната.

Доколку пак се оди како што сака Атина. еден од проблемите со кој ќе се соочат сите кои барем јавно се за договор со Грција, се дел од националните парламенти кои ќе мораат да го ратификуваат новиот евентуален договор. Дури и сите членки на монетарната унија да се согласат на ниво на влади да ги прифатат барањата на Ципрас, може да се очекува жесток отпор од дел од парламентите на земјите-членки.

Ваква обврска имаат Германија, Словачка, Естонија и Финска, која засега е најголем јавен противник на нов договор со Грција.

За најголемата економија во ЕУ дополннителен проблем е и Уставниот суд кој можеби ќе треба да пресече дали нов договор со Грција е согласно највисокиот правен акт во Германија.

Според сегашното распложение на јавностa, на одлуката на уставните судии не може да влијае ништо вклучително ниту саботната најава од Грција дека се разгледува можноста за приватизација на 14 грчки регионални аеродроми, кои би требало за околу 1,3 милијарди евра да ги купи германската компанија „Фрапорт“.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега