18.000 граѓани на Косово пристигнале во Германија од почетокот на годинава

Од почетокт на годината до 12 февруари во Германија пристигнале над 18.000 граѓани од Косово кои побарале азил. Тоа го соопшти Министерството за внатрешни работи во Берлин предупредувајќи дека тој драстичен раст на број на азиланти претставува опасност од дестабилизирање на Косово и на регионот.

Најсилно погодени се четири германски провинции Долна Саксонија, Северна Рајна Вестфалија, Баварија и Баден-Вуртемберг.

Бројот на одобрени барања за азил на граѓани од Косово во 2014 година бил 1,1 отсто од сите поднесени молби.

Во јануари одобрени се само 0,3 отсто од молбите.

Во јануари поднесени биле 3.630 молби за азил што е за 86 отсто повеќе отколку во декември лани.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега