„Ауди“ заинтересиран за изградба на фабрика во Бугарија

Неколку автомобилски компании, меѓу кои и „Ауди“, се заинтересирани за изградба на фабрики за производство на компоненти и резервни делови во индустриските зони во Бугарија, изјави денеска бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски. 

- Разговорите за ваквите инвестиции се уште се прелиминарни, но засега постои интерес од страна на инвеститорите. Голема германска компанија од областа на месната индустрија, како и неколку автомобилски компании се заинтересирани за (инвестиции во) индустриската зона во Видин, посочи Лукарски на средба со градоначалниците од северозападниот дел на Бугарија во Монтана.

Тој најави дека Министерството за економија и Агенцијата за инвестиции на Бугарија планираат да воведат т.н. проект-менаџери, кои на странските инвеститори би требало да им помагаат при административните процедури.

- Министерството планира да ги отстрани административните пречки пред инвеститорите со цел да ги стимулира инвестициите и да го поттикне развојот на малите и средни бизниси, изјави Лукарски.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега