Паника во СДСМ: Украдена бомбата на Заев - ќе објавиме се што сакавте да скриете

Дел од опозициските портали објавија видео кое деновиве e поставено на видео сервисот Јутјуб, а преку кое, како што пишуваат дел од опозициските портали, таканаречени „Македонски анонимуси“ се закануваат со објавување на бомба за лидерот на СДСМ Зоран Заев, односно ќе објават материјал што Заев сака да го скрие.

anonimus

Порталот А1.он, кој прв го објави видеото со наслов „Анонимуси“ му се закануваат на Заев?“ пишува дека наводно хакирано било како што се вели „дувлото на оние кои го креираат сето ова, а се поврзани со лицето Зоран Заев“.

Покрај А1он, видеото го објави и порталот Фактор со наслов „Македонски анонимуси праќаат закана до лидерот на опозицијата“, констатирајќи дека на социјалните мрежи наишле на едно интересно видео кое што решиле да го споделат бидејќи ја заинтригирало македонската јавност.

Видеото го објави и „Фокус“, кој пишува дека „Македонски анонимуси деновиве ќе објават работи кои Зоран Заев ќе сакал да ги скрие“. „Фокус“ пишува дека на друштвените мрежи почнало да кружи видео насловено „Правата вистина“, зад кое се потпишале  „Македонски анонимуси“. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега