Паника на Бихаќка: СДСМ пријавиле во полиција дека им е украдена бомбата - сите материјали кај хакери

СДСМ пријавиле во полиција дека македонските „Анонимуси“ им го хакирале компјутерот и им ги украле материјалите од бомбата на Заев, јавува поратлот на партијата од Бихаќка Либертас повикувајќи се на неофицијални информации. Порталот пишува дека материјалите незаконски се одземени од опозицијата и дека нивното објавување е прекршување на законот.

Интересно е што Либертас не пишува дали е законско објавувањето материјалите кои ги поседува Заев и за кои самиот тврди дека ги добил од странски служби

 

Порталот пишува дека зад профилот на YouTube стои МВР повикувајќи се на анонимен извор. Самото повикување на анонимен извор во новинарските кругови се толкува како празен обид да се протне манипулација која најверојатно дошла од централата на Бихаќка.

Интересно е што СДСМ случајот го пријавиле во полиција, а истовремено се сомневаат дека полицијата им го хакирала компјутерот.

Сепак, она што е важно е дека материјалите кои ги очигледно веќе ги поседуваат „Анонимусите“ се добиени од Бихаќка и дека нивното објавување ќе го видиме наскоро.
Во меѓувреме на Бихаќка владее вистинска паника бидејќи бомбата на Заев излегува од контрола и сега сите ќе ги имаат и оние материјали кои Заев се надеваше дека ќе успее да ги скрие. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега