Законот за електронски комуникации на маса пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35 седница со гласање по Дополнетиот предлог на закон за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање, за кој расправата заврши вчера.

На дневен ред на оваа седница, меѓудругите се Предлог законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, двата по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и на Законот за финансиската полиција, во прво читање, како и Предлог законот за за изменување на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, исто така, во прво читање.

На седницата, меѓудругите, треба да се расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација  и Предлог законот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, двата во прво читање. 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега