Конференција за активен туризам - „AdventureNeht-Balkans“

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со претставникот на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Светската асоцијација за активен туризам АТТА ќе ја најават првата европска регионална конференција за активен туризам - „AdventureNeht-Balkans“ чиј домаќин треба да биде Македонија.

Станува збор за тридневен самит кој ќе се одржи во мај 2016 година и треба да привлече околу 300 европски и светски тур-оператори и медиуми.

На промоцијата ќе се обратат директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски и извршниот директор на АТТА Крис Дејл. 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега