Усташката змија не спие

Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ во интервју за N1 телевизијата, говорејќи за резултатите на својот мандат и состојбата во Хрватска рече дека „усташката змија не спие“.

На прашањето каде ја гледа „усташката змија“ Јосиповиќ одговори дека таа не е „тука на подот, не ползи, дека не е ниту таа од 1941-1945“, како и оти не станува збор за поставување усташки симболи на Фејсбук и други веб страници или облекување во усташки униформи, туку за тенденции кои водат кон нетрпеливост кон другите и различностите.

- Се работи за тоа дека е видливо оти во нашето општество постојат некои тенденции кои одат за суштината на она што тогаш се заговарало. Тоа е нетрпеливост кон другите и различното, тоталитарни тенденции, желби да се намалат човековите права, а видовме и оти имаше закани кон луѓето и да се промени вистината за историјата, појасни Јосиповиќ во интервјуто за N1.

Toj изрази жалење што, според него, постојат и обиди на некои влијателни кругови да се ревидира историјата, „Хрватска да се оддалечи од победничката коалиција од Втората светска војна и да се претвори во губитник“.

Јосиповиќ, кој во 2010 година во Сараево се извини за учество на Хрватска во политиката која во 90-те години на минатиот век се обидувала да ја подели БиХ, вели и дека за време на својот мандат ги подобрил односите со Србија. 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега