Трагедија: Мајка и едногодишно дете загинаа во страшна сообраќајка во Србија

Едногодишно дете и неговата 30 годишна мајка загинале во страшна сообраќајна несреќа која утрово околу 1 часот се случила во близина на Шабац, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми, до несреќата дошло кога автомобилот излетал од патот и удрил во метален столб.

Возилото го управувал 30 годишниот Синиша П., инаку татко и сопруг на починатите мајка и дете а во автомобилот бил и нивниот 4 годишен син. И двајцата се потешко повредени и се наоѓаат во болница.

Според информациите, мајката починала на лице место, додека едногодишното дете на повредите им подлегнало во болница.

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:36
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега