Манчевски ќе гостува на универзитетот „Оксфорд Брукс“

Режисерот Милчо Манчевски е ангажиран да гостува на „Оксфорд Брукс“ на покана на овој познат универзитет  во Велика Британија. 
 
Како што соопшти „Банана филм“, поканата подразбира проекција на „Пред дождот“ и на други делови од творештвото на Манчевски.  Предавањето и разговорот со публиката на 22 февруари ќе бидат со фокус на целокупниот опус на Манчевски, со издвојување на улогата на поетскиот јазик во неговиот кинематографски израз.
 
- Во Оксфорд се изучува „Пред дождот“, добитник на наградата „Златен лав“ во Венеција, на номинација за Оскар и на уште 30 други врвни меѓународни награди.  Овој филм, но и целокупниот опус на Манчевски се изучуваат на уште неколку стотини други универзитети ширум светот, од Калифорнија до Кина, од Бразил до Русија, од Австралија до Германија.  Овој филм е дел и од наставната програма во средните училишта во Италија, информира  „Банана филм“. 
 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега