Голема полициска акција: Падна балканскиот крал на кокаинот

Црногорецот Лука Дациќ (47) уапсен е во трговски центар во Трст Италија поради сомнение дека координирал со транспортот на голема количина на дрога и посредувал во балканското подземје за продажба на кокаин. Како што јавуваат црногорските медиуми, Дациќ од претходно во отсуство е осуден на 7 години затвор и парична казна од 68.000 евра.
Тој е уапсен со фалсификувани документи во продавница за долна облека додека бил во друштво со непознат Словенец.
Како што пишуваат локалните медиуми во Црна Гора, во моментот на апсењето Дациќ вил елегантно облечен.
Според италијанските истражни органи, тој со години бил прв човек во меѓународната трговија и шверц на дрога а организирал и поединечни пратки кокаин кои мереле и десетици килограми.

Во септември 2011 година судот во Милано издал налог за негово апсење, а во октомври истата година по него е распишана меѓународна потерница.

Првично е обвинет во акцијата Флеш која е отворена во 2009 година и во која се уапсени 49 лица и одземени 65 килограми кокаин и шест килограми хероин.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега