Проект за имплементација на добри земјоделски пракси

Федерацијата на фармерите (ФФРМ), Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и словенечката компанија Даталаб денеска во Струмица ќе го промовираат проектот „100 фарми“ преку кој 100 земјоделци ќе добијат опрема за менаџирање на фарма со користење на информатичко - комуникациски технологии.

- Со овој проект ќе се започне со поинтензивно спроведување на активностите што ќе значи вклучување на дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери, кои ќе користат модерни информатичко - комуникациски технологии за потребите на водење на сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки, што, пак, претставува компонента на добрите земјоделски пракси, велат од ФФРМ.

Ова, додаваат, е во склоп на една поширока активност на која ФФРМ и Даталаб работат во изминатите две години. Во моментот веќе се врши имплементација на примерок од 15 фарми во рамките на комплементарниот проект со наслов „Агро ИТ“.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега