Gemius: Press24 убедливо најпопуларен портал и во јануари

Press24 останува на врвот. И овој месец како и претходните Вашиот омилен информатор суверено го држи врвот меѓу најпопуларните интернет портали во Македонија. Откако порталите Курир и Вечер кои делумнос е доближуваа во бројот на посети решија да се повлечат од мерењето на Гемиус, Press24 е далеку најчитан веб портал во Македонија.
Нашите вести минатиот месец стигнале до речи си секој трет корисник на интернет во Македонија, а најблиску до нас е порталот Црно Вело кој заостанува со 4 процентни поени.

Од инфо порталите најблиску до Press24 е порталот на телевизија Сител а зад него е Плусинфо кој има околу 19% reach.

Според посетеноста, единствено агрегаторот Time.mk има повеќе посети од Press24. Останатите портали се далеку зад оние 3,4 милиони посети кои Гемиус ги измери во јануари. Најблиску е порталот Точка кој има милион посети помалку од Press24.



Меѓу инфо порталите, без Курир и Вечер, за Press24 нема апсолутно никаква конкуренција.

Првите четири интернет портали заедно имаа иста посетеност како и Press24. Во овој случај станува збор за порталите кои со својата уредувачка политика силно ја поддржуваат опозицијата Плусинфо, Либертас, А1он и Нова кои со заеднички сили ја достигнуваат читаноста на Press24.

Нашата редакција Ви благодари за довербата и ветуваме уште многу напорна работа во мисијата да информациите да ви ги обезбедиме први и тие да бидат во кратка јасна и разбирлива форма

 

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега