„Шпигел“: Грција ќе банктотира во текот на летото

 

По неуспехот на состанокот на министрите за финансии на Еврогрупата, на кој не беше постигнат договор за програмата за финансирање на Грција, земјата се повеќе се доближува до банкрот, а се повројатно е и нејзиното истапување од еврозоната, оденува денеска германскиот политички магазин „Шпигел“.

- Ако не стигнат нови пари од европските партнери, Грција ќе банкротира во текот на претстојново лето, а можеби и порано, оценува магазинот, потсетувајќи дека само до крајот на март на име камати Атина на доверитлите мора да им исплати 2,2 милијарди евра. 

Доколку и успее финансиски да ја преживее пролетта, веќе во јули на Грција ќе и требаат свежи пари или во спортивно ќе мора да прогласи банкрот.

- Во таков случај, една банкртирана Грција ќе биде се поблизу до напуштање на евроозната, смета „Шпигел“.

Поради најновата криза со неизвесноста околу програмата за финансирање на Грција, грчките банки секојдневно бележат загуби, а нивните клиенти парите ги префрлаат во странство, додава германскиот магазин

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега