Порака од австриско МВР до Косовците: Не даваме азил и не даваме пари! (ФОТО)

Во Австрија нема ни слободен пристап до пазарот за работа ниту пари кога се поднесува барање за азил!

Оваа порака ја испратила австриската министерката за внатрешни работи, Јохана Микл Лајтнер.

Австриското Министерство за внатрешни работи започнало кампања за да ја разбие навалата на бегалци од Косово, па направило плакат кој треба да ги одврати Косоварите од илегалното доселување во Австрија.

Плакатот ќе биде објавен во најтиражните весници и водечките медиуми во Приштина, а е достапен и на албански и на српски јазик.

"Шверцерите лажат" или "Schlepper Lugen" е слоганот на плакатот, во кој зборот "Шлепер" не означува камион, туку шверц на луѓе преку граница. На плакатот, под "Шверцерите лажат", има уште еден голем натпис:

"Од економски причини нема азил во Австрија". "Шверцерите лажат за да ви ги земат парите"

 

-Пораката од Австрија за косовските имигранти е многу јасна: Шверцерите ве лажат. Во Австрија нема ни слободен пристап до пазарот за работа ниту пари кога се поднесува барање за азил, објансила австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл Лајтнер.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега