Приштина и ЕУ скептични за можна визна либерализација на Косово

Косовски и европски претставници изразија скептичност за можна визна либерализација на Косово со Европската унија, јави Танјуг.

Шефот на Еулекс Габриеле Меучи за телевизија „Клан Косова“ изјави дека појавата на масовна илегална имиграција од Косово нема да има позитивно влијание на оценката за визна либерализација на земјата.

Косовскиот министер за европски интергации Беким Чолаку пред собраниска комисија изјави дека е скептичен во однос на визната либерализација и дека Косово ќе добие визно олеснување со ЕУ во 2015 година.

- Скептичен сум дека Косово може да добие визна либерализација оваа година, изјави Чолаку

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега