Ивица Дачиќ во посета на Македонија

Претседавачот на ОБСЕ и српски министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.

Дачиќ ќе се сретне со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет, а ќе оствари средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Се очекува тој да се сретне и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Србија го почна претседавањето со ОБСЕ на 15 јануари. Претседавањето ротира секоја година меѓу членките на ОБСЕ, а одлуката ја донесува Министерскиот совет. Функцијата претседавач со ОБСЕ ја извршува министерот за надворешни работи на таа земја.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега