Пратениците работат со полна пареа
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35. седница со разгледување на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, во прво читање.
На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за шумите и Предлог законот за дополнување на Законот за ловството, сите во прво читање.
Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, исто така во прво читање.
Македонското Собрание треба да ги разгледа и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, на Законот за животната средина, на Законот за комуналните дејности...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа