Извозот на овошје и зеленчук руши рекорди

209, 1 милиони долари изнесува извозот на овошје и зеленчук во 2014 година покажуваат податоците на Народната банка на Р. М. Ова е досега рекордна вредност , а истовремено рекордна вредност во 2014 година забележаа и вкупниот извоз на прехранбени производи. Според бројките, извозот на овошје и зеленчук што е најголема ставка во вкупниот извоз на храна во државата во 2014 година е за 15 милиони долари вредносно поголем споредено со претходната 2013 година , кога се продадени производи на странските пазари во вредност од 193, 2 милиони долари. Во 2012 година извозот на овошје и зеленчук изнесувал 175, 4 милиони долари , во 2011 197, 1 милиони долари , а во 2010 година 181, 1 милиони долари, пишува Лидер.

-Ние важиме за земја која има квалитетни земјоделски производи. Имаме имиџ на земја со препознатлив вкус на производи и тоа треба да го зачуваме. Тешко е да се направи имиџ , но лесно е да се загуби, вели за Лидер Драги Димитриевски од Факултет за земјоделски науки и храна.

Во исто време расте и увозот на овошје и зеленчук, но вредносно е двојно помал во извозот. Според податоците на НБРМ во 2014 година се увезени овошје и зеленлук во вредност од 94, 5 милиони долари,, додека во 2013 година увозот изнесувал 83, 9 милиони долари, што е зголемување з 10, 6 милиони долари. Во 2012 година увозот на оцвошје и зеленчук изнесувал 116, 7 милиони доларин , а во 2010 – 79, 3 милиони долари.

-Силно влијание врз порастот на извозот има преработувачката индустрија во земјата која што мислам дека во целина ќе биде еден од иницијалните фактори за вкупниот пораст на економијата во претстојниот период. Особено значајно е ако се има предвид дека во тие производи од преработувачката индустрија има висок процент на т. н додадена вредност што во крајна линија ќе се манифестира врз целокупната стапка на пораст на БДП. Извозот се зголемува како резултат на се поголемата заинтересираност на странските пазари за купување на наши производи, вели универзитетскиот професор Томе Неновски.

Кога станува збор за вкупниот извоз на храна во 2014 година од земјава се извезени прехранбени производи во вредност од 388, 2 милиони долари, што е најголемо ниво во последната деценија, Тпа е за 23, 6 милиони евра повеќе споредено со извозот на храна од 364, 6 миолиони долари во 2013 година.

Податоците на Народната банка за надворешно трговска размена покажуваат дека во 2012 година се извезени прехранбени производи во вкупна вредност од 339, 6 милиони долари , во 2011 година извозот на храна достигнал 373, 3 милиони долари , во 2010 бил 278, 7 милиони долари.

Освен извозот расте и увозот на прехранбени производи кој вредносно гледано пак е двојно поголем од увозот, Тоа се должи пред се на увозот на месо и месни производи како и на жито и прераптки од жито од кои Македонија е увозно зависна

Ако во 2014 година увзозот ан прехранбени производи изнесува 684 , 9 милиони долари . Вп 2013 гдина увезени се прехранбени производи во вредност од 681, 4 милиоби долари.

Во 2012 година извозот на храна достигнал 681, 5 милиони долари, во 2011 година 672, 2 милионин долари , а во 2010 558, 3 милиони долари.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега