Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја

Кога рано наутро со пријателите тргнав кон Белград на автобуската станица во Грачаница загледав група Албанци, па така сфатив дека патувањето ќе трае три часа подолго, но ете пак ми се овозможи шанса да ги гледам како тие заминуваат.  Се изненадив колку само луѓе имаше спакувани на автобуската и решени да си заминат од дома. Никој од Србите не знаеше што се случува, освен дека ете „Косоварите пак нешто матат“. Сепак кога видов фамилии,  сиромашни и гладни луѓе ми стана јасно. Сепак тие беа среќни, паровите се љубеа и изгледаа како да одат на одмор, а тие всушност си одеа од дома, одеа во туѓина по парче леб, изјави една Србинка.

Заминувањето од Косово на албански жители не стивнува иако на адмнистративниот премин Мердаре сега е оневозможен премин на автобуси со имигранти, кои преку Србија заминуваат за Унгарија.

Според приштински медиуми синоќа голем број луѓе со приватни автомобили заминале кон преминот Врмици со Албанија и потоа се упатиле кон Црна Гора, од каде ќе се обидат да заминат во некоја држава од Европската унија.

Лицата кои синоќа го напуштиле Косово најчесто користеле приватни автомобили со цел да ја избегнат ситуацијата да бидат спречени да го напуштат Косово доколку заминеле до автобус, наведуваат медиумите.

- На кој било начин ќе се обидам да не останам на Косово. Не може да се живее без работа. Тука нема надеж за живот, вели еден од имигрантите, кои синоќа со семејството од Косово се упатил кон Албанија.

- Зголемен е бројот на граѓани кои преминуваат во Албанија. Тие велат дека одат на забава, но веќе не се враќаат, вели извор од царината на Косово за приштински медиуми.

Весникот на албански јазик „Блиц“ наведува дека бројот на заминати од подрачјето на Призрен и натаму не се знае, но во училиштата во тој регион голем број ученици веќе не одат на настава.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега